СВЕТСКИ РЕКОРД ВО НЕСПИЕЊЕ: Колку долго човекот всушност може да издржи без сон?

popara18 октомври, 20241min00
Screenshot_11

Ренди Гарднер и Брус Мекалистер сакале да испитаат како недостигот од сон влијае врз когнитивните и физичките активности кај луѓето. Ренди не спиел цели 11 дена, а еве што сè доживеал

 

 

 

Фрлале паричка и така било одлучено дека Ренди нема да спие, а Брус ќе фаќа белешки за неговото однесување. Експериментот започнал на 29 декември во 1963 година. Дури и познатиот истражувач на сонот, доктор Вилијам К. Демент од Универзитетот во Стенфорд, му се приклучил на овој подвиг како набљудувач, а го проследиле и сите локални весници.

 

Дотогаш се знаело дека недостигот од сон кај луѓето, првенствено, предизвикува параноја, но и други витални проблеми. Сè уште не било решено дали несоницата може да предизвика смрт.

 

„Веројатно бев единствениот човек на планетата кој во тоа време го истражуваше спиењето. Родителите на Ренди беа многу загрижени, бидејќи тогаш сè уште не беше утврдено дали може да се умре ако не се спие доволно долго“, рекол Демент.

 

Под услов на родителите на Ренди, експериментот го набљудувал и поручникот Џон Рос од Единицата за медицински невропсихијатриски истражувања на американската морнарица во Сан Диего.

 

Како сето тоа влијаело врз Ренди?

Првата фаза од експериментот поминала добро за него, иако тогаш имал само 16 години. Но како што продолжувал експериментот, било воочено дека има пропусти во помнењето, додека првите халуцинации почнале четвртиот ден.

 

Веќе петтиот ден имал поживописни халуцинации. Пред себе гледал шумска патека, а не сопствената куќа.

 

„По тој момент немаше повеќе подеми, само падови и падови. Тоа беше како некој да ми става хартија за брусење во мозокот. Моето тело добро го поднесуваше тоа, но мојот ум беше погоден“, рекол тој.

 

Наредните денови неговиот говор се забавил и зборувал неразбирливо. Способноста за помнење му била сведена на минимум. И покрај тоа што воопшто немал фокус, сè уште успевал да игра пинг-понг за да остане буден, но преживувал големи напади на параноја.

 

Последниот ден од експериментот

Тој ден Ренди имал целосно безличен поглед. Неговиот глас бил монотон и нејасен. Морал постојано да прима надворешни дразби за да одговара на прашања. Не помнел што правел, а неговите моторички способности биле минимални.

 

Така Ренди Гарднер го поставил новиот светски рекорд во неспиење од 11 дена, односно 264 часа.

 

Научниците го набљудувале неговото однесување наредните неколку ноќи, за да ја следат неговата РЕМ фаза и да бидат сигурни дека се враќа во состојбата пред почетокот на експериментот.

 

Тогаш се заклучило дека за време на неспиењето, подрачја од неговиот мозок постојано биле заспани, што било воочено и во идентичните експерименти на стаорци.

 

Потоа, многу други поставиле нови рекорди во неспиење, но тие повеќе не се запишувале во Гинисовата книга, за да не се поттикнуваат активности што можат животно да ги загрозат учесниците.

 

Погледнете го видеото во продолжение за да ги дознаете сите детали од овој експеримент…

 

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag