Северина во блескав фустан со посебни детали изгледаше како дијамант

popara2 септември, 20244min00
62843637-severina

Северина одржа уште еден концерт, овој пат во Македонија, а покрај познатите хитови, сите присутни ги воодушеви и со својот елегантен аутфит.

Многумина истакнуваат дека Северина е една од најдобро облечените Хрватки, а тоа ни го потврди и во минатото издание. Станува збор за елегантен, асиметричен фустан со потпис на Матија Вуица, кој одлично и прилега на пејачката.

Миди фустанот е прекриен со кристали, а е многу посебен поради впечатливите детали. Од напред има тенко ременче на едното рамо, а другото рамо е покриено со долг ракав што го направи нејзиниот изглед уште погламурозен.

Друг посебен детал се исечоците на ногата кои на фустанот му дадоа заводлива нота, исто како и отворениот грб. Ова е еден од оние фустани за кои можеме да кажеме дека би изгледале фантастично на црвениот тепих на еден светски моден настан.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

За да дојде до израз фустанот, Северина избра пристоен накит, од кој особено се истакна ланчето со привезок во форма на срце. Едноставно ја пушти косата, а шминката е класична, погодна за вакво гламурозно издание.

Под објавата на Инстаграм, следбениците и порачаа на Северина дека изгледа како дијамант.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma