Случајот за развод е склучен со договор на сите полиња.
Големиот актерски заводник Џејсон Момоа и неговата сопруга Лиза Бонет сега и официјално се разведени.
После 7 години решиле да стават точка на бракот и за разлика од другите големи ѕвезди, двајцата се договориле за време на парницата.
Пред бракот Момоа и Бонет беа во врска 12 години, а официјалниот датум кога го прекинаа бракот е 7 октомври 2020 година. Овој факт го криеја од јавноста цели две години.
Иако често се крева прашина и помпа при развод, што со пари, што со деца, тоа не беше случај со Џејсон и Лиза.Напротив, тие се разведоа без никаква драма. Тие се договорија за поделба на имотот, како и за старателство – ќе продолжат заедно да се грижат за ќерката Лола и синот Наку-Вулф.
Неодамна медиумите пишуваа дека Момоа веќе стапил во врска со убавица за која „ја изгубил главата“, па јасно беше дека од тој брак не остана ништо.
Ова беше негов прв брак, додека Лиза претходно беше во брак со Лени Кравиц со која ја доби ќерката Зои.