Британската актерка Тандиве Њутн е новото дополнување на хит серијата на Нетфликс „Wednesday“. Засега не е познато каква точно улога ќе има, а оваа вест доаѓа откако беше потврдено дека Стив Бушеми ќе се приклучи на втората сезона од серијата, пишува Variety.
Њутн одигра голем број познати улоги, како онаа во серијата на HBO „Westworld“, за која имаше три номинации за Еми за споредна улога, а во 2018 година и ја зема наградата. Покрај тоа, таа се прослави и со улогите во сериите “The Slap”, “Big Mouth”, “Human Resources” и “Rogue”. Некои од филмовите во кои таа се оствари се “God‘s Country”, “Crash” и “Beloved”.
Актерката беше во почетната екипа и за филмот „Magic Mike: The Last Dance“, но по само 11 дена од снимањето ја замени Салма Хајек во главната улога. Причината никогаш не е потврдена, некои извори велат дека таа морала да се справи со семејните проблеми, додека други наведуваат дека се скарала со главниот актер на филмот, Ченинг Тејтум.
Пред две години протече информација дека се разведува од продуцентот Ол Паркер по 24 години брак, по што се појавија загрижувачки вести дека мора да оди на рехабилитација поради лошата психичка состојба. Таа има три деца со Паркер, две ќерки, 24-годишниот Рипли и 20-годишниот Нико и 10-годишниот син Букер Џомбе. Неодамна се шпекулира дека Њутн е во врска со 27-годишниот рапер Илија Диас, попознат по неговото уметничко име „Lonr“.
Серијата „Wednesday“ дебитираше на Нетфликс во ноември 2022 година и веднаш ја освои публиката. Џена Ортега ја игра главната улога на тинејџерката Венсдеј Адамс, која е единствената официјално потврдена дека се враќа во новата сезона. Првата сезона заврши со успешно разрешување на серија грозни убиства во средата и спречување на уништувањето на Nevermore Academy. Во првата сезона на серијата се појавија и Кетрин Зета-Џонс, Луис Гузман, Ема Мајерс и Исак Ордонез, а Тим Бартон режираше четири од осумте епизоди.
Серијата важи за една од најгледаните што овој сервис за стриминг досега ги прикажала, а беше номинирана за дури 12 Еми награди, освојувајќи четири. Работата на втората сезона беше одложена поради штрајкови на писателите и актерите на крајот на минатата година, а се очекува наскоро да продолжи и во Ирска.