„Секое куче ќе го добие она што го заслужува“: Израелска песна повикува на убиство на пејачката со албанско потекло поради нејзината изјава

popara16 февруари, 20241min00
Screenshot_6

Израелските музичари повикуваат на смрт на пејачката Дуа Липа и манекенката Бела Хадид во популарната песна „Harbu Darbu“, бидејќи во песната инсуинираат дека тие се одговорни за нападот на Хамас на 7 октомври, пренесува „The Times“.

 

 

 

 

 

Песната која има 18 милиони прегледи на „YouTube“, објавена е во ноември минатата година, а се нарекува „неофицијален саундтрак на војната во Газа“, додека раперите Нес и Стила на хебрејски ги наведуваат луѓето кои, според нив, се одговорни за нападите“.

 

„Секое куче ќе го добие она што го заслужува“, се споменува Хасан Насрала, лидерот на Хезболах, Мохамед Деиф, водачот на бригадите Ал-Касам на Хамас и Исмаил Ханије, претседателот на политичкото крило на Хамас.

 

Раперите ги именуваат и познатите личности кои ги сметаат подеднакво одговорни за нападите поради нивниот антивоен став. На нивната „црна листа“ се најдоа пејачката Дуа Липа, манекенката Бела Хадид и поранешната порно ѕвезда Миа Калифа.

Калифа одговорила на песната која предизвикала контроверзии.

 

„Тие не можат ниту да се повикаат на геноцид во сопствената култура. Мораа да колонизираат нешто за тоа да достигне на 1 место“, напишала таа на платформата „X“.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag