Селена Гомез беше една од најзабележаните женски познати личности на 75-тото доделување на “Еми’ наградите

popara16 јануари, 20241min00
Селена Гомез

75. доделување на “Еми’ наградите го собраа кремот на Холивуд на едно место во Лос Анџелес. Меѓу најзабележаните жени на црвениот тепих дефинитивно беше мегаѕвездата Селена Гомез, која ја видовме минатата година на доделувањето на наградите “Златен глобус” (каде беше дел од драмата со Кајли Џенер и Тимоти Шаламе).

На доделувањето на “Еми” наградите не ја следеа скандали,овој пат беше најкоментирана за моден избор!

Убавата актерка и пејачка избра т.н гол фустан, и тоа со навестување на темен гламур.

“Голиот фустан” со години е еден од трендовите кои дамите ги обожаваат и сакаат да го носат кога се во прашање вакви свечени пригоди, а верзијата на Селена беше многу елегантна и шик.

Актерката од серијата „Само убиства во зградата“ го покажа целиот раскош  во моделот на Oskar de la Rentе, кој беше сошиен по нејзини мерки и обложен со 450 илјади светки.

Фустанот без ракави и без прерамки имаше длабоко деколте,кристални мотиви од папрат, специфични за предесенската колекција на Oskar de la Rentе од 2024 година. Селена комплетираше сè со клач чанта и накит Tiffany & Co, изработен од платина и жолто злато,со дијаманти и розови сафири.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag