Селена Гомез блесна на црвениот тепих: Беше мета на критики заради тежината, но сега ја доведе линијата до совршенство

popara24 октомври, 20241min00
05995e94f2f06f8f16281f45fe13d7652a2c8737

Селена Гомез се појави на премиерата на филмот „Емилија Перез“ во Лос Анџелес, а за таа прилика избра чиста елеганција.

Како што може да се види од фотографиите од таа вечер, поп-пејачката за таа пригода носела црн тоалет со специфичен дезен.

Имено, оваа креација е украсена со асиметричен крој во пределот на деколтето, како и со отворени раменици. Исто така, фустанот е со долги ракави од црна кожа. Тоа ги истакнува нејзините облини, но и значително послабата фигура.

Како што своевремено напиша „Дејли мејл“, познатата убавица веќе некое време носи вишок килограми. Корисниците на Инстаграм извесен период ја критикуваа дека се здебелила, дека е „дебела“ и дека е „неуспешна“, а за тоа време водеше битка со злобна болест.

Имено, Селена пати од т.н лупус, а лекот што го прима, како да ја држи под контрола болеста, доведува до зголемување на телесната тежина. Меѓутоа, како што понатаму наведува овој таблоид, таа нашла начин да се избори со овие вишок килограми со помош на „оземпик диетата“.

Иако пејачката не ги коментираше овие наводи во јавноста, наглото слабеење кажува се. За работите да бидат поубедливи, „Дејли мејл“ ги спореди нејзините фотографии од 2023 и 2024 година, а забележлива е разликата во големината и обликот на телото.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma