Иако Селена Гомез призна дека е болна, поради што повеќе не изгледа како во тинејџерските денови, нејзиниот изглед и понатаму се коментира.
Со колегата Дејвид Хенри беше на промоцијата на продолжението на Дизни комедијата Wizards of Waverly Place во Лос Анџелес каде се појави во тесен црвен фустан со ниско деколте. „Хејтерите“ ја начекаа на нож, коментирајќи дека изгледа како да е трудна, иако претходно откри дека никогаш нема да може да роди.
Селена потоа присуствуваше на премиерата на нејзиниот нов филм Емилија Перез на Американскиот француски филмски фестивал во Лос Анџелес. Видеото на кое го покрива стомакот со рацете над црн фустан стана вирално на TikTok. Многумина напишаа дека пејачката и актерка со таа поза се обидувала да го сокрие своето тело.
https://x.com/selovelenaa/status/1852743806288081010?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1852743806288081010%7Ctwgr%5E5dddf3655864a3b3f154688bfd538252ce152325%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Flokalno.mk%2Fselena-gomez-ne-mi-e-gajle-ako-ne-izgledam-kako-stap-nemam-takvo-telo%2F
„Ми се гади од ова. Имам SIBO во тенкото црево. Се разгорува. Не ми е гајле ако не изгледам како стап. Јас немам такво тело. Крај на приказната. Не, јас не сум жртва. Јас сум само човек“, изјави Гомез. Инаку, SIBO значи прекумерен раст на бактерии во тенкото црево што предизвикува симптоми на надуеност, болки во стомакот и неухранетост.
Гомез беше многу отворена за нејзините здравствени проблеми со текот на годините, вклучително и дијагноза на лупус и трансплантација на бубрег во 2017 година. Во 2018 година, таа се пријави во центар за лекување, каде и беше дијагностицирано биполарно растројство.