Мултиталентираната пејачка, актерка и претприемач, 31-годишната Селена Гомез објави нова песна со наслов„Love On“. Таа на хитот соработуваше со нејзиниот љубовен партнер Бени Блан, со кој започна врска во декември 2023 година.
Пејачката во последните денови на своите фанови на социјалните мрежи им најави објавување на нова песна, која следеше шест месеци откако ја објави „Single Soon“, а судејќи според првите реакции, таа ги оправда очекувањата со својот нов сингл.„Таа е толку автентична, навистина ми се допаѓа оваа нејзина верзија“, „Ова е еден од нејзините најдобри синглови, едвај го чекам албумот“, „Конечно, таа се врати посилна од било кога“, „Ова е ремек дело, премногу добро “, „Автентична, икона, најдобрата на сите времиња. Селена, те обожаваме“, се само дел од коментарите на фановите кои во видеото имаа и пофални зборови за нејзината облека. Модата овде е подигната на сосема ново ниво“, гласи еден од коментарите под песната на YouTube.
„Single Soon“ и „Love On“ ќе се појават на четвртиот студиски албум на пејачката, кој треба да излезе на крајот на годината. Гомез исто така истакна дека овој албум би можел да и биде последен. „Чувствувам дека можам да снимам уште еден албум бидејќи во последно време повеќе се пронаоѓам во глумата отколку во музиката. Отсекогаш сакав да бидам актерка, никогаш не бев толку заинтересирана за пеење, но изгледа дека ова хоби се претвори во нешто сосема поинакво. “, истакна Гомез. Иако се познати многу малку детали за новиот албум, актерката изјави за Vogue Mexico дека сака да се врати во поп жанрот и да се оддалечи од тажните песни.
Инаку, актерката изминатите неколку години гради завидна актерска кариера, а вредно работи и на својот бренд за убавина. Имено, ја гледаме во серијата „Само убиства во зградата“ каде игра со актерските џинови – Стив Мартин и Мартин Шорт, а во третата сезона им се придружи и легендарната Мерил Стрип која ќе ја гледаме и во претстојната четврта сезона. Што се однесува до козметичкиот бренд Rare beauty, таа го лансираше во 2020 година, а создаден е да се бори против нереалните стандарди за убавина кои се присутни во индустријата за убавина.
View this post on Instagram