Актерката Селма Хаек ја потсетила јавноста на Инстаграм на своите фотографии направени пред повеќе години.
На тие фотографии позира без облека, па покрај нив духовито порачала: „Некои велат, никогаш не гледај зад себе, но понекогаш тоа е најубавиот поглед“.
Милион и 300.000 допаѓања за сега имаат фотографиите, а се огласиле и познатите личности меѓу кои и Кејт Хадсон и Парис Хилтон.
Селма Хаек со рацете успеала да ги покрие градите, во одредена мера. Фановите реагирале со брзина на светлината: „Се надевам дека и сега ќе направиш вакви фотографии“, „Тоа беа времиња… Прекрасна си“, „Не менувај се, прекрасна си била и тогаш, прекрасна си и сега“.
ФОТОГРАФИИТЕ МОЖЕ ДА ГИ ПОГЛЕДНЕТЕ ТУКА
Холивудската ѕвезда има 57 години и ја следат коментари дека со годините изгледа сѐ поубаво. Се шпекулира дека можеби за тоа не е заслужна само мајката природа иако е видливо дека Селма дефинитивно не спаѓа во примерите со екстремно вештачко „разубавување“.
Селма неодамна открила дека за нејзината убавина е заслужна и секојдневната медитација:
„Мора да го најдете својот начин. За мене вежбањето е тешко. Многу, многу тешко е да имаш дисциплина за тоа. Но, медитацијата е како прошетка по паркот затоа тоа е мојот начин“.