Роберт Патинсон и Суки Вотерхаус пред неколку недели станаа родители на ќерка, а кога станува збор за нивниот приватен живот, тие отсекогаш биле прилично самобендисани.
Еден од најомилените ѕвездени парови, Роберт Патинсон и Суки Вотерхаус, моментално ги доживуваат најсреќните моменти. Пред нешто помалку од еден месец, на крајот на март, тие за прв пат станаа родители, а судејќи по фотографиите направени минатиот викенд во Лос Анџелес, одлично се снајдоа во новата улога. Недолго откако Суки настапи на култниот фестивал Coachella, парот беше фотографиран како шета со својата новородена ќерка. Манекенката, пејачка, но и актерка и ѕвезда од серијата „Daisy Jones & The Six” и Патинсон, кој се прослави со улогата во филмовите „Twilight Saga“ и „Batman“, беа лежерно облечени, далеку од холивудскиот гламур во кои сме навикнати да ги гледаме. Гордиот татко го возеше малото девојче во количката додека Суки одеше покрај нив.
Двојката е во врска од 2018 година, а нивната врска секогаш се трудеа да ја држат подалеку од јавноста. Познато е дека тие почнаа да живеат заедно минатата година, а на фановите им открија дека ќе станат родители во ноември 2023 година на прилично неочекуван начин. Имено, Вотерхаус гордо го покажа трудничкиот стомак за време на нејзиниот настап во блескав фустан на музичкиот фестивал Corona Capital во Мексико Сити.
Решив да облечам нешто дополнително светкаво бидејќи мислев дека тоа може да ви го одвлече вниманието од нешто друго што се случува со мене“, рече Суки на сцената пред неколку илјади обожаватели. Видеото од нејзината најава за бременост, речиси за неколку минути, стана вирално.
“I decided to wear something practically sparkly today to try to distract you from something else thats what’s going on. I’m not sure if it’s working”
WE ALL KNEW BUT ITS OFFICIAL NOW, She’s SO MOTHER!🥰✨🤍 pic.twitter.com/xGEZHbQume
— dose of suki waterhouse (@doseofsuki) November 19, 2023
Само неколку недели подоцна, таа беше фотографирана како шета во Лондон со Патинсон, а многумина го забележаа блескавиот дијамантски прстен на нејзината рака. Иако официјално не ја потврдија веридбата, ниту плановите за наводната венчавка, Суки и Роберт уживаат во нов период од животот со мало девојче чие име се уште не го открија во јавноста.