Се врати фраерката Енџи: Анџелина Џоли во машко одело воодушеви на црвениот тепих

popara19 октомври, 20241min00
62931676-angelina-jolie-na-londonskoj-premijeri-filma-maria

Анџелина Џоли присуствуваше на лондонската премиера на филмот Maria во Royal Festival Hall како дел од Лондонскиот филмски фестивал. А облеката што таа ја избра изненади и воодушеви многумина.

Иако многумина од познатата актерка на оваа филмска премиера очекуваа издание слично на нејзините претходни појавувања на премиерите како онаа во Венеција, Анџелина Џоли се одлучи за нешто сосема друго.

Фустанот го заменила со црн костум од машка колекција. Троделниот смокинг е од модната куќа Долче и Габана, а се состои од панталони, елек и елегантна црна јакна. Тоа беше храбар потег и додека некои очекуваа потрадиционален гламур на црвениот тепих, Анџелина не потсети дека игра по свои правила.

Смокингот, комплетиран со црни кожени чизми до глужд, беше впечатлив избор, а иако сè е малку предимензионирано, Анџелина додаде женствен пресврт со тоа што не носеше кошула и додаде прекрасни златни обетки.

Angelina Jolie na londonskoj premijeri filma

Способноста на Анџелина да владее со црвениот тепих во што и да се појави е навистина непобитна, а овој пат таа го донесе својот потпис, грациозност и елеганција, докажувајќи дека и најнеочекуваните модни избори може да ги направи свои и беспрекорни.

Angelina Jolie na londonskoj premijeri filma

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag