Холивудски актерки ги уништуваат сите предрасуди за убавината на жените кои имаат над 50 години, па така во шестата и седмата деценија од животот докажаа дека дотерувањето, сексапилноста и гламурот немаат апсолутно никаква врска со бројот во матичната книга на родени.
Она што особено го привлече вниманието и ги обединува овие две убавици кои присуствуваа на различни настани, секако е нивниот избор на облека. И судејќи по тоа – зебра-принтот се враќа во мода.
Деми Мур се појави во Музејот на модерна уметност, во Њујорк, облечена во светкав фустан со интригантен крој и со мешавина на црно и бело, љубителите на филмот ги потсети на Круела Де Вил. Сепак, на модните експерти им е јасно дека се работи за принт на зебра.
Од другата страна на Америка, во сончевиот Мајами, Софија се прошета во вистинска вамп облека. Црн корсет кој ја истакнуваше нејзината половина, вртоглави црни потпетици и светкав фустан со зебра принт.