Томи Шелби официјално се врати како лидер на Peaky Blinders. Нетфликс сподели мал дел од атмосферата од сетот, имено фотографии од ликот на Килијан Марфи како озлогласениот гангстер, заедно со веста дека започнала продукцијата на филмот. Марфи и Стивен Најт, креаторот на долгогодишната серија „Peaky Blinders“, исто така се фотографираа заедно на снимање.
Претстојниот филм „Peaky Blinders“ ќе го режира Том Харпер, кој претходно режираше неколку епизоди од серијата. „Peaky Blinders“, серија од шест сезони, премиерно беше прикажана на Би-Би-Си во 2013 година, а Нетфликс подоцна ги доби правата за издавање на серијата во САД. Шестата и последна сезона се емитуваше во 2022 година, а во јуни беше откриено дека се работи на игран филм.
View this post on Instagram
„Изгледа дека Томи Шелби не завршил со мене… Задоволство е повторно да се работи со Стивен Најт и Том Харпер на филмската верзија на „Peaky Blinders“.
Најт го напиша сценариото за „Peaky Blinders“ и го копродуцираше со Марфи, Керин Мандабах и Гај Хили. Извршни продуценти се Харпер, Дејвид Косе, Џејми Глејзбрук, Ендрју Ворен и Дејвид Мејсон. „Возбуден сум кога гледам камери како го снимаат ова ново поглавје во приказната за Peaky Blinders. Дејството е сместено во Втората светска војна и како што земјата е во војна, така природно се и нашите Peaky Blinders“, изјави Најт за Нетфликс.
View this post on Instagram
Иако остатокот од екипата на филмот се чува во тајност, минатиот месец беше откриено дека колегата на Марфи, Бери Кеоган, најпознат по „Saltburn“, има улога во филмот, но сè уште не е познато каква улога ќе има. Познато е и дека улоги толкуваат и Тим Рот и шведската актерка Ребека Фергусон, најпозната по филмовите „Dune“ и „Mission Impossible“.
Со оглед на тоа што продукцијата штотуку започна, се уште не е познато кога филмот ќе се појави на малите екрани.