Здодевната прашина е она што им пречи на сите
Само што ќе го исчистите мебелот, по неколку часа повторно ќе видите како се собрала прашина. За среќа, една жена се сетила на феноменален трик кој се користи и во музеите и на тој начин се заштитила првенствено себе од секојдневно бришење.
Веројатно сте слушнале за глицеринот и неговата примена во медицината, козметологијата, прехранбената индустрија и земјоделството. Но, дали знаете дека глицеринот е ефикасен и во секојдневниот живот?
Да речеме, со помош на глицерин, чистењето на домот ќе стане песна!
5 начини врз основа на кои можете да го исчистите домот со глицерин:
- Блескаво чисти подови
За брзо и ефикасно чистење на валканите подови, само додадете неколку капки глицерин во кофа со вода.
- Ослободете се од прашината на долг рок
За да го направите ова, додадете малку глицерин во сад со вода. Намокрете една крпа со таа вода и избришете ги површините. Нема да видите прашина најмалку 10 дена. Овој метод на чистење се користи во музеите.
- Ги отстранува дамките од облеката
Ставете неколку капки глицерин на дамката и исплакнете сè со вода во која сте додале малку сол. За да отстраните дамка од чај, кафе или чоколадо, само направете мешавина од глицерин и сол, нанесете ја на дамката и измијте ја дамката по половина час.
- Правилно одржување на кожниот мебел
Ако сте го изгребале кожниот мебел, само избришете го со памучна крпа натопена во глицерин. Повторете ја постапката два до три пати.
- Прозорци
Измешајте глицерин и етил алкохол во сооднос 1:10 и со оваа смеса избришете ги прозорците. Ниту прашината ниту нечистотијата нема да ја оштетат чистотата на вашите прозорци долго време.