Се ожени познатиот Чак Бас: Глумецот ѝ кажа „да“ на колешката – венчавката траела 3 дена

popara26 август, 20244min00
67ec177d694956a854523b388722bea95f5e2979

Актерот Ед Вествик, кој на пошироката јавност и е познат по улогата на Чак Бас во серијата „Gossip Girl“, се ожени со својата долгогодишна партнерка Ејми Џексон.

Откако се венчаа на мала граѓанска церемонија во хотел во Лондон на 9 август, парот по втор пат рече „да“ на луксузна венчавка во Италија. Двојката покани 220 гости, кои патуваа од САД, Индија и различни делови на Европа, да им се придружат на тридневната прослава на брегот Амалфи.

– Сакавме свадбено место кое не само што е природно убаво, опкружено со океан, ридови и лозја, туку и уникатно, и токму тоа го најдовме – изјавила за People Ејми, која е и актерка.

Меѓу гостите беа и ѕвездата на серијата „Gossip Girl“, Кели Радерфорд, моделот и актерка Дејзи Лоу, комичарот и актер Џек Вајтхол, филмскиот продуцент Мохамед Ал Турки и многу други.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ed Westwick (@edwestwick)

Свеченостите започнаа во петокот, 23 август, со крстарење на зајдисонце.

Актерката од првиот брак има син, и вели дека тој и Ед одлично се согласуваат:

– Сакам како Ед се разбира со мојот син Андреас и едвај чекам да го видам како татко еден ден.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag