Се породи Сиена Милер: Глумицата доби ќерка со 15 години помладото момче

popara4 јануари, 20241min00
a915f4dcfb0f419b4a91031ab0ed02cf8c9ef8d4

Американската актерка Сиена Милер (41) пречека девојче со своето момче Оли Грин, пишува Daily Mail, откако се појавија фотографии од актерката како шета со своето дете и нејзиниот петнаесет години помлад партнер.

Актерката веќе ја има ќерката Марлоу (10) од претходната врска со актерот Том Стариџ (38).

Сиена минатата година за Vogue изјави дека бременоста била изненадување и за неа, но била многу среќна поради тоа. Како што вели, посакува на нејзини години да не чувствувала потреба да се пошегува за бременоста.

– Би сакала да дојдам до точка да не чувствувам потреба да се пошегувам за тоа што сум постара и имам бебе. Некако фасцинантно е да се бориш против сопствените предрасуди кон себе. Го правам тоа постојано – изјавила тогаш за Vogue.

Веста за втората бременост на актерката и модна икона првпат се појави кога Милер беше фотографирана на плажата на Ибица, облечена во кафено дводелно бикини кое го покажуваше нејзиниот стомак.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag