Се приближува премиерата на 4-тата сезона на Емили во Париз: Откриено е и која ѕвезда ќе гостува

popara21 јули, 20241min00
m_34387755_1280

Се ближи новата сезона на „Емили во Париз“ – четвртата сезона ќе биде поделена на два дела – првите пет епизоди ќе пристигнат на Нетфликс на 15 август, а вториот сет од пет епизоди на 12 септември. Така, имаме нова доза љубовни заплеткувања, впечатливи аутфити и спектакуларни музички бројки, но и познато гостување.

Имено, Нетфликс откри дека британскиот актер Руперт Еверет ќе се приклучи на актерската екипа во улогата на Џорџо Барбиери, сопственик на глобална компанија за дизајн на ентериер со седиште во Рим, кој со децении е пријател со Силви, директорката на Емили и сака да биде во центарот на секоја забава.

image

Покрај гостинската ѕвезда која стана меѓународна слава со улогите во „Мојот дечко се жени“ од 1997 година и „Вљубениот Шекспир“ од 1998 година, Лили Колинс и Ешли Парк ќе се вратат како Емили и Минди, заедно со другите редовни актери: Камил Разат ( Камил), Лукас Браво (Габриел), Филипин Лерој-Болие (Силви), Семјуел Арнолд (Жулиен) и Бруно Гуери (Лук). Сепак, судбината на Алфи, кој го игра Лусиен Лависконт, останува под знак прашалник – актерот стана постојан член на актерската екипа минатата сезона, но неговиот лик замина во финалето на третата сезона, навидум означувајќи го крајот на неговата нестабилна врска со Емили. Дарен Стар, креаторот на серијата, неодамна изјави по повод објавувањето на 4-та сезона: „Мислам дека сите наши ликови се сè уште поврзани, само на покомплексен начин. Филипин Лерој-Болие, позната како шефицата на Емили, Силви, вели дека новата сезона ќе донесе повеќе драма од кога било досега, додека Лусиен ја опиша сезоната како хаотична и потресна.

image

Во јуни, Лили Колинс конечно сподели неколку возбудливи први слики, по што Нетфликс го објави официјалниот синопсис за четвртата сезона: „По драматичните настани од неуспешната свадба на Камила и Габриел, Емили е во шок: има силни чувства кон двајца мажи, но сега Габриел чека дете со нејзиниот поранешен, а најлошите стравови на Алфи за неа и Габриел се остваруваат. На работа, Силви е присилена да се соочи со дилеми од минатиот брак. Минди и бендот се спремаат за Евровизија, но но кога ќе им снема средства, тие се принудени да бидат штедливи.

image

На прашањето дали ќе има уште сезони на Емили во Париз, Дарен одговори: „Дефинитивно мислам дека шоуто има живот надвор од следната сезона. Нема крај на повидок додека сите не почувствуваат дека е време да се заврши“. Стар е и автор на култната серија „Сексот и градот“, кој еднаш призна дека разбира зошто гледачите го споредуваат ликот на Лили со Кери Бредшо, која ја игра Сара Џесика Паркер.

„Разбирам зошто луѓето ги поврзуваат двете серии. Секоја се одвива во гламурозен град, со жени во главните улоги, но идејата за „Емили во Париз“ беше многу поинаква. Сакав да напишам серија за некого кој извесно време се преселил во Париз“, заклучи Дарен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma