Овогодинешното доделување на Златни глобуси се одржа, а таму се собра актерската екипа на серијата „Suits“. Дојдоа Габриел Махт, Партик Џеј Адамс, Сара Раферти и Џина Торес, но ја немаше Меган Маркл, која го толкуваше ликот на адвокатката Рејчел Зејн.
Зборувајќи за Variety, Џина Торес откри дека ниту еден од актерите го нема бројот на мобилниот телефон на Меган Маркл.
„Немаме нејзин број. Таа едноставно ја нема. Ќе не гледа, ќе биде среќна што сме тука“, рекла Џина.
Да потсетиме, Меган Маркл се омажи за принцот Хари, а парот го напушти британскиот двор и се пресели во Калифорнија, каде што се обидуваат да се пробијат во продукцискиот свет.