Се шушка дека е во врска со живата легенда на Холивуд! Познатиот актер одговори на озборувањата дека нашол љубов во 8-мата деценија

popara30 јануари, 20241min00
Мартин Шорт

Откако тајно се раздели од сопругот, се појавија гласини дека Мерил Стрип е во врска со колега.

Веќе извесно време се зборува за љубовната врска на Мерил Стрип (74) и Мартин Шорт (73), познати актери кои заедно соработуваат во иста серија.

Имено, Мерил Стрип моментално глуми во серијата ‘Only Murders in the Building’, како и Мартин Шорт, а и двајцата беа номинирани за улоги во оваа серија на наградите Златен глобус (иако и двајцата заминаа дома со празни раце).

Сепак, имаше многу гласини дека оваа актерска двојка е  нешто повеќе од колеги, и дека се во тајна љубовна врска, што е особено интересно со оглед на фактот дека минатата година Мерил откри дека повеќе не е со својот долгогодишен сопруг, скулпторот Дон Гамер.

На големо жалење на оние кои сакаа тоа да биде вистина, Мартин Шорт ги негираше овие наводи.

„Ние не сме двојка, ние сме само блиски пријатели“, рече тој во подкастот на Бил Махер.

Иако го прифатил објаснувањето на Мартин, Махер се пошегувал дека треба да почнат да размислуваат за врска.

– Нема ништо помоќно во Холивуд од моќен пар. Имаше логика за Том Круз и Никол Кидман, Бред и Анџелина – рече Махер половина во шега, а можеби има половина од вистината!

Мартин и Мерил за многумина изгледаа како пар на доделувањето на Златните глобуси и од тој момент,почнаа шпекулациите за нив дека се повеќе од колеги и пријатели.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag