Се јавува и ако не сте со зголемена телесна тежина или постари: Оваа ситница на лицето открива покачен ХОЛЕСТЕРОЛ и ризик од срцеви болести

popara12 ноември, 20241min00
334687_nasmejanadevojkaokoshutterstock-788577880_ff

Холестеролот, восочна супстанца која вообичаено се наоѓа во клетките, е неопходен за нормално функционирање на телото и производство на хормони и витамин Д, како и во процесот на варење. Меѓутоа, ако е кренат, може да предизвика здравствени проблеми, поради што често го нарекуваат „тивок убиец“. Може да доведе до развој на атеросклероза, жолчни камења, висок крвен притисок, како и мозочен удар, срцев удар, хронични бубрежни заболувања, периферни васкуларни заболувања, ангина …

Зголемениот холестерол обично е асимптоматска состојба, поради што повеќето луѓе не се ни свесни дека го имаат овој проблем – додека не се појават компликации. Иако холестеролот е над нормалните граници, обично кај луѓе постари од 65 години и дебели луѓе, фактори на ризик се медицински состојби како што се дијабетес, хипотироидизам, лупус, хронични бубрежни заболувања итн. Познато е дека одредени лекови, како што се лекови за висок крвен притисок и регулација на срцевиот ритам, против акни, рак, ХИВ… можат да придонесат за зголемување на нивото на холестерол.

Сепак, научно е докажано дека постои еден показател за висок холестерол кој, згора на тоа, е јасно видлив, и тоа на очите!

Тоа е arcus senilis, белузлав или сивкав круг лак и под надворешниот дел на рожницата. Со тек на време може да стане полн круг, односно прстен околу ирисот, т.е. обоен дел од окото.

Arcus senilis

Arcus senilis често се јавува кај постарите лица, а е предизвикан од масни наслаги длабоко во работ на рожницата. Ова е феномен кој не предизвикува компликации, не влијае на видот и не бара третман, објасни во една прилика д-р Франциско Лопез-Хименез од познатата американска клиника Мајо.

Доколку се појави кај постарите лица, можеби нема да биде поврзано со висок холестерол, но кога arcus senilis е присутен кај помладите луѓе, тоа обично укажува на високо ниво на холестерол и триглицериди. Кај луѓето кои имаат наследен фактор во форма на т.н. фамилијарна хиперлипидемија, појавата на овој лак или прстен е честа појава пред 45-годишна возраст и е поврзана со зголемен ризик од срцеви заболувања.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag