Секој тип на садови има свое место во кујната. Кај нас е традиција во долните шкафови да се чуваат тенџериња и големи садови, а во горните чинии.
Сепак, експертите за дизајн препорачуваат садовите да се чуваат во фиоки.
„Бидејќи на овој начин сè се држи на ниво на половината наместо на висина, тоа е всушност ергономски подобро решение“, тврди дизајнерката Криста Гибонс.
Таа напоменува дека фиоките за садови треба да бидат што поблиску до мијалникот или машината за миење садови, за да не се шетаме постојано низ кујната со куп чинии.
„Покрај тоа што се далеку попрактично решение за повозрасните, длабоките фиоки исто така им олеснуваат на децата да ја постават масата или да земаат одредени јадења“, објаснува Алисон Пикарт, која користи фиоки за чинии во својата кујна.