Симптоми на низок крвен притисок кои не треба да ги игнорирате

popara30 септември, 20241min00
Screenshot_5

Обично многу се зборува за висок крвен притисок, но често ги игнорираме проблемите предизвикани од нискиот крвен притисок.

 

 

 

Нискиот крвен притисок не е воопшто лесен за луѓето кои го имаат овој проблем. Нормалните вредности се 120/80, така што низок крвен притисок е оној кој наместо 120 е 90 или помалку.

 

Се разбира, нискиот притисок не е секогаш причина за загриженост, има луѓе кои се навикнати на такви вредности, но драстичното и нагло опаѓање може да биде знак за нешто друго.

 

Ако почувствувате вртоглавица, несвестица, замор, гадење, главоболка, заматен вид или брзо и плитко дишење, треба да го проверите крвниот притисок.

 

Она што можете да го направите за себе за да спречите или да си помогнете од пад на крвниот притисок е да пиете повеќе вода и да додадете натриум во вашата исхрана. Познато е дека дехидрацијата доведува до намалување на притисокот, така што дневниот внес на вода кај жените би бил околу 2,7 литри, а кај мажите 3,7.

 

Не треба да претерувате со натриум и дефинитивно треба да се консултирате со лекар, но не треба целосно да го исфрлите од исхраната.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag