Синди Крафорд на насловната страница на „Harper’s Bazaar“ по четврти пат во кариерата: Инспирација за секоја жена

popara15 јануари, 20241min00
Синди Крафорд

И на 57 години доминира.Супермоделот и актерка Синди Крафорд позираше за познатиот магазин „Harper’s Bazaar“ и направи фотографии за кои не престануваат да се зборува.

Вовлечени сме во светот на трендовите, каде познатите личности некако се натпреваруваат да создадат нов тренд и да донесат нешто ново. Сепак, овој пат “Bazaar” со Синди Крафорд направи нешто, што одамна не е видено – потсети на едноставни, но одлични модни парчиња.

И, докажаа дека Синди е вистинскиот избор за вакви модели. Ја истакнаа нејзината природна убавина, разбушавена и бујна коса која го „врати“ ретро стилот во сите стајлинзи.

Имено, Синди позираше во некои секогаш популарни парчиња, во макси-кожен капут и длабоки, беж чизми. Но,можеме да ја видиме и во елегантен црн фустан со отворен грб.

Таа нè враќа на поформален стајлинг, кога ќе ја видиме во тегет костум со риги.Во нешто помалку формално, можеме да ја видиме како се смешка пред камерите во предимензионирана кошула, со пуштена коса, држејќи голема чанта во рацете.