СИНОТ НА БРЕД ПИТ И АНЏЕЛИНА ЏОЛИ ДОЖИВЕА СТРАШНА НЕСРЕЌА Итно бил пренесен во болница, се здобил со повреди на главата

popara30 јули, 20241min00
Screenshot_4

Синот на Анџелина Џоли и Бред Пит, Пакс Џоли-Пит, со својот електричен велосипед удрил во автомобилот кој стоел пред него на раскрсница. Итно е хоспитализиран, пишуваат странските медиуми. Во моментот на несреќата, информираат, не носел заштитен шлем.

 

 

 

Според полицијата и итната помош, кога дошол докторот, Пакс се пожалил на болки во колкот, a бил пренесен во болница поради повреда на главата. Превентивно, но и поради стравот на лекарот дека поради судирот може да има мало крварење на мозокот, бил пренесен во болница, но според последните извештаи неговата состојба е стабилна и наскоро би можел да биде отпуштен на домашна нега.

 

Инаку, 20-годишниот Пакс често може да се види како вози низ улиците на Лос Анџелес со својот електричен велосипед, секогаш без кацига.

 

Оваа несреќа се случила околу 17 часот на булеварот „Лос Фелиз“, што значи дека била во сообраќај за време на т.н. шпиц, односно во моментот кога луѓето си одат дома од работа. Според полицијата, Пакс со својот мотоцикл влетал до раскрсницата и удрил во задниот дел на автомобил кој бил запрен поради црвено светло на семафорот.

 

За потсетување, Анџелина Џоли го посвои Пакс од сиропиталиште во Виетнам во 2007 година. Имал три години, а неговата биолошка мајка, зависничка од хероин, го напуштила како новороденче.

 

Бред официјално го посвои во 2008 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag