Синот на Викторија и Дејвид Бекам заврши во болница: Сега се огласи и ја откри причината за хоспитализацијата

popara4 август, 20241min00

Бруклин Бекам бил итно пренесен во болница откако го скршил рамото.

 

Синот на Бекам потоа прозборел од болничкиот кревет и напишал дека му е добро и се заблагодарил на сопругата Никола што се грижи за него. „Си го скршив рамото, но во ред е затоа што ја имам Никола да се грижи за мене. Те сакам душо“, напиша тој на Инстаграм. Следбениците во коментар му посакаа брзо закрепнување.

 

Се уште не е познато како се повредил Бруклин. Вечерта пред да заврши во болница, посетил јапонски ресторан во Њујорк, од каде покажа неколку фотографии на Инстаграм.

 

Бруклин не крие колку му значи сопругата Никола Пелц. Тие се венчаа во април 2022 година, а тој го зеде и презимето на сопругата. На почетокот на оваа година тој откри дека истетовирал лик на неговата сопруга.

 

Имено, Бекам на десното рамо има тетоважа на главата на неговата сопруга Никол. Тоа е само една од низата тетоважи што ги има синот на Бекам, а тој тврди дека има меѓу 80 и 100, но на луѓето навистина не им се допадна оваа со лицето на неговата сопруга, за која рече дека е последна во низата што ја направил.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma