Сите ги триеле очите кога ја виделе на црвениот тепих: Ќерката на славната манекенка го оживеала нејзиниот аутфит од 90-тите

popara15 септември, 20241min00
100454_profimedia-0907157266_f

Не е невообичаено ќерките да позајмат убаво парче облека од плакарот на нивната мајка. Тоа е дел од растењето. Каја Гербер, ќерката на супермоделот Синди Крафорд, сака тоа да го прави, а со оглед на тоа колку личи на нејзината мајка во младоста, секогаш привлекува големо внимание. Така беше и овој пат, на премиерата на филмот „Shell“ во кој глуми со Елизабет Мос и Кејт Хадсон, на меѓународниот филмски фестивал во Торонто. Аутфитот што Каја го избра за црвениот тепих беше посвета на нејзината мајка, која покрај манекенството се испроба и во актерството, како што пишува People.

Kaia Gerber

Сè поуспешната манекенка и актерка, Каја изгледаше како копија од мајка ѝ во бел долг фустан на Ерве Леже, со драг деколте. Синди Крафорд носеше таков тесен фустан кој ги истакнува облините во 1993 година на Оскарите, направен специјално за таа пригода.

Фустанот беше избран врз основа на желбите и идеите на Каја од страна на славната стилистка Моли Диксон. А исто како и нејзината мајка, Гербер носеше бели чевли со висока потпетица и шпиц. Сепак, посветувањето на ќерката на модниот избор на нејзината мајка не завршува ниту тука, бидејќи 23-годишната Каја позајмила и накит – винтиџ ланче и обетки со дијаманти и винтиџ часовник Омега.

Kaia Gerber

Гербер очигледно сака фустани од ерата на модната писта на нејзината мајка, бидејќи носеше длабок црн фустан на Дона Каран од раните 2000-ти до премиерата на нејзиниот втор филм, „Saturday Night“, еден ден претходно.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag