
Познатиот актер Харисон Форд беше ѕвезда на вечерта на доделувањето на наградите Critics Choice, каде што беше одликуван за неговото животно дело.
Кога излегол на сцената за да се заблагодари на признанието, 81-годишниот актер прво добил овации од публиката, а потоа е пуштено видео кое ги прикажува неговите најголеми филмски успеси.
„Прво, јас сум многу среќен што сум овде вечерва и што можам да бидам сведок на сето она во кое се претвора нашиот бизнис и да гледам како сите талентирани луѓе добиваат можности кои веројатно не би постоеле на самиот почеток на мојата кариера. Тука сум благодарение на комбинацијата на среќа и соработката со прекрасните сценаристи, режисери и филмаџии. Се чувствувам неверојатно среќен. Исто така, среќен сум за оваа чест и многу ја ценам“, рече Форд.
А потоа ја спомена саканата сопруга Калиста Флокхарт кога „доби грутка во грлото“ и му се насолзија очите. „Сакам да ѝ се заблагодарам на мојата прекрасна сопруга, Калиста Флокхарт, која ме поддржа кога ми беше најпотребна. И ми треба голема поддршка“, рече тој, а потоа ја напушти сцената, не сакајќи „да го одзеде времето на публиката повеќе време“.
Харисон и Калиста беа во среќен брак 13 години, а се заљубија на доделувањето на наградите Златен глобус во 2002 година, кога се запознаа за прв пат. Пред бракот со 22 години помладата негова колешка, Форд имаше два брака. Односно, кога ја запознал Калиста и се заљубил во неа, тој сè уште бил формално оженет со својата втора сопруга Мелиса Матисон, иако веќе некое време живееле одвоено.
На почетокот толку многу ја криеле својата врска што во една прилика колегата на Калиста, Џејмс Марсден рекол дека секогаш излегувал на вечера со нив за никој да не се посомнева дека сепак тие двајца се пар. Но, по една година врска, Харисон не можел да молчи.
„Заљубен сум“, призна во 2003 година. Љубовта ја крунисаа со брак по осум години врска. Харисон има четири деца од претходните бракови за кои посочува дека се неговото најголемо животно достигнување, а откако се оженил со Калиста, решил да го посвои нејзиниот син Лиам (кого и таа претходно го посвои), па сега секогаш вели дека има пет деца.