Сите зборуваат за фустанот на Меган Маркл: Дали со него сакала да го испровоцира кралското семејство?

popara13 мај, 20244min00
85643_profimedia-0403306083_f

Меган се појави во многу убав долг, свиленкаст фустан во боја на праска, дизајниран од калифорниската дизајнерка Хајди Мерик, чија цена е околу 520 евра.

Фустанот е тесен само до половината, по што лелеаво паѓа и се влече по земја неколку сантиметри, а освен што е соодветен избор за оваа прилика, многумина сметаат дека има уште една „итра“ причина зошто славната Американка го избрала.

Имено, самиот модел се нарекува „фустан Виндзор“, па се шпекулира дека Меган веројатно сакала да порача нешто на овој начин; можеби тоа беше алузија на презимето на нејзиниот сопруг и порака до палатата дека колку и да се трудат, не можат да ја избришат врската на парот со семејството. Или можеби сакаше да укаже на споредбата што често се прави меѓу неа и Волис Симпсон, покојната војвотка од Виндзор.

Војвотката од Сасекс фустанот го комплетираше со златен накит – ѓердан, обетки и низа нараквици, а се одлучи и за ниско опавче извиткано во лежерни локни. Имаше и едноставна, ненаметлива шминка.

А Хари го прилагоди својот моден избор на високите жештини во Нигерија, избра панталони и кошула од крем лен.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag