Бред Пит на премиерата на својот најнов филм се појави со својата девојка Инес.
Во тек е 81. Филмски фестивал во Венеција и деновиве светот го обиколуваат сликите на познати актери на и надвор од црвениот тепих.
Најголемо внимание секако предизвика познатиот квартет составен од двајца познати пријатели Бред Пит и Џорџ Клуни и нивните поубави половини кои со денови уживаат во заедничките вечери и прошетки.
Синоќа ги здружија силите на црвениот тепих, каде покрај филмот „Волк“, светската премиера имаше и врската на Бред со Инес де Рамон, која првпат се појави со него на ваков настан.
Во јавноста веќе извесно време е познато дека Бред Пит (60) и Инес де Рамон (31) се во врска. Сепак, досега можевме да видиме само папарацо фотографии од заљубениот пар додека се шетаат или поминуваат време заедно во лежерни изданија.
Кога младата вице-претседателка на брендот за накит Anita Ko се појави со нејзината посилна половина во Венеција, многумина се прашуваа дали парот конечно ќе го има своето деби на црвениот тепих.
И навистина, по познатата вечера за четворица со Амал и Џорџ Клуни, двата холивудски парови продолжија со дружење на официјалната премиера на филмот „Волк“.
Семејството Клуни беа облечени малку поформално, па Амал се одлучи за прекрасен фустан корсет со здолниште од тул кој драматично пагаше на тепихот, додека Џорџ носеше класичен црн костум со машна.
Малку поскромниот Бред Пит се одлучи за црн костум на Louis Vuitton по нарачка со обична маичка во иста боја одоздола. Инес, пак, се одлучи за изглед кој ја става во целосна контраст со саканиот; носеше снежно бел фустан на едното рамо кој одлично ја истакна нејзината извајана фигура со женствениот крој.
Инес ја надополни оваа едноставна, но ефективна креација со блескава златна чанта и ненаметливи обетки, додека сосема природната шминка и пуштената коса во лежерни бранови ја истакнаа нејзината убавина.