Сите се шокирани: Стоматологот посочи неколку ситуации во кои не треба да ги миете забите

popara17 април, 20241min00
Screenshot_10

Сите знаеме дека забите треба да се мијат двапати на ден. Но, постојат случаи кога не треба да ги четкате, вели британскиот стоматолог д-р  Шади Манучехри.

 

 

 

Користењето четка за заби веднаш по појадокот, по повраќање или по џвакањето слатки може да ја уништи вашата глеѓ, предупредува докторката. Иако во овие случаи ќе сакате да ја исчистите устата што е можно поскоро, тоа би можело да ги влоши работите, пренесува „Дејли мејл“.

 

Содржината на желудникот е исклучително кисела, а и устата е во многу кисела состојба по повраќањето, па ако веднаш потоа ги измиете забите, во основа ќе ја истрошите глеѓта, рекла д-р Манучехри во видеото на Инстаграм што го сподели со своите 19.000 следбеници.

 

Усната празниина е кисела дури и по јадење. Тоа е затоа што киселината се произведува кога бактериите во вашата уста го разградуваат шеќерот во храната.

 

Оваа киселина ја раствора површината на забот, што е првата фаза на расипување на забите, односно прва фаза на создавање кариес. Затоа, се препорачува да ги миете забите веднаш штом ќе станете, а четкањето на забите веднаш по појадокот никогаш не е добра идеја.

 

Откако штотуку сте јаделе, вашата уста е во многу кисела состојба, па ако ги миете забите со четка, ја триете киселината на забот, која е минерал и може да ја истроши, објаснува д-р Манучехри.

 

Миењето на забите прерано откако сте изеле слатко, десерт, исто така, претставува ризик од расипување на забите, бидејќи киселината се трие околу вашата уста. За да го избегнете ова, треба да почекате најмалку еден час за да ги измиете забите откако ќе јадете слатки.

 

Веднаш штом сте ги изеле слатките, вашата уста ги вари во киселина која ќе ви се трие по забите и ќе ја уништи глеѓта. Слатката храна и пијалаците се главната причина за расипување на забите, односно за појава на кариес, вели таа.

 

Кариесот може да биде предизвикан од таложење на леплив слој на бактерии кој се нарекува плак. Со текот на времето, оваа бактерија ја оштетува површината на забот, предизвикувајќи појава на дупки и бели, кафеави или црни дамки на забот.

 

Други знаци на расипување на забите вклучуваат забоболка и остра болка во забот кога јадете или пиете топли, ладни или слатки работи.

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag