Често се случува да останеме будни до доцна. После ваква ноќ, обично се будиме со темни и подуени кругови под очите или едноставно уморни очи. Затоа ни се потребни трикови за шминкање за да го камуфлираме заморот и да изгледаме како да сме спиеле цели осум часа, а не само четири часа.
Иако постојат голем број на трикови за ублажување на уморниот изглед, понекогаш немаме доволно време, потребни ни се брзи решенија. Токму тука стапува во игра белиот молив за очи, кој ја поправа ситуацијата за само неколку секунди.
Нанесувањето на бел или nude молив на водната линија на долниот очен капак веднаш ги отвора очите, ги прави да изгледаат поголеми и во исто време ја намалува видливоста на темните кругови. Викторија Бекам на Инстаграм откри дека редовно ја користи својата линија за инстант осветлување кога сака да го скрие уморот.
View this post on Instagram
Она на што треба да внимавате при изборот на бели ајлајнери е да бидат доволно меки за самата апликација да биде пријатна, но многу поважно е да изберете долготрајни или уште подобро, водоотпорни формули кои ќе останат на место цел ден.