„Славата од мали нозе ме уништи во дваесеттите“: Една од најмладите милијардерки на светот не може да го прежали ова

popara17 ноември, 20247min00
95551_selena-gomez_f

Селена Гомез (32) која актерската кариера ја започнала на десет години, смета дека нејзината детска слава го забавила нејзиниот развој во дваесеттите. Во едно неодамнешно интервју за Elle, таа беше прашана што би сакала да знае пред да зачекорела во светот на познатите, а таа одговори:

– Имам фантастично семејство и моите родители ми поставуваа јасни правила, за што сум благодарна. Сепак, мислам дека немаше да го сторам тоа толку рано ако размислував за себе од сегашната перспектива.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

Гомез објасни дека многу работи ја кочат.

– Дополнителниот притисок од многу луѓе не ми помогна да развијам чувство за сопствениот идентитет во моите дваесетти. Тоа беше многу тежок период. Секојдневно се справувам со тоа – истакна таа.

Таа призна дека се труди да гледа на светот од позитивна страна и се фокусира на проектите што ѝ се допаѓаат.

– Давам се од себе да останам позитивна и да се фокусирам на вакви работи, кои навистина ме прават среќна – рече таа, зборувајќи за нејзиниот нов филм „Емилија Перез“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Selena Gomez (@selenagomez)

– Но, би рекла дека можеби е подобро прво да почекаме и да го живееме животот малку – додаде таа.

Гомез се прослави во 2007 година како главна актерка во серијата на Дизни „Волшебниците од Вејверли Плејс“. Една година подоцна, таа потпиша договор со Холивуд рекордс и почна да се занимава со музика.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag