„Не, Мартин Шорт и Мерил Стрип не се во врска. Ние не сме двојка, ние сме само блиски пријатели“, децидно изјави 73-годишниот познат комичар и актер Мартин Шорт на прашањето дали е во врска со разведената оскаровка. Ова го изјави на крајот на јануари во емисијата „Club Random with Bill Maher“ на коментарот на водителот дека тој и една година постарата Мерил Стрип се многу моќен пар. Но, не помина ниту еден месец и парот повторно беше фатен заедно како излегува од ресторан во Санта Моника каде што имаа интимна вечера. Додека Мартин Шорт безгрижно им се смешкаше на насобраните фотографи кои ги пречекаа пред влезот, Мерил Стрип со кисел израз истрча кон неговиот автомобил, обидувајќи се да го скрие лицето.
Колку и да ја негираат врската, навистина е чудно што толку пати се видени заедно во последните месеци. Со други зборови, како што тврдат познавачите, тие се речиси неразделни. И бидејќи Мерил Стрип се приклучи на актерската екипа на серијата „Само убиства во зградата“ во третата сезона, во која Шорт беше од самиот почеток. Интересно е што оскаровката со години избегнува телевизиски проекти, па уште поинтересно е што се приклучи на овој тим.
Гласините за нивната врска започнаа пред неколку месеци, откако тие почнаа се почесто да се појавуваат заедно во јавноста, а неодамна беше на доделувањето на наградите Златен глобус. Интересно е што нивните сè почести средби почнаа откако актерката преку својот портпарол јавно објави дека се разделила и дека бракот и се распаднал пред шест години. Од друга страна, Мартин Шорт е вдовец од 2010 година и оттогаш не е во никаква врска, барем не јавно. Можеби навистина се само многу добри пријатели, како што тврдат, но тоа пријателство многу се интензивирало во последните месеци.