Популарната блогерка за убавина Фара Дукаи која страда од алопеција, односно опаѓање на косата во одредени делови од скалпот, неодамна сподели едноставен домашен рецепт за подготовка на лосион против оваа непријатна појава.
Оваа мешавина ја поттикнува циркулацијата на темето, коренот на влакното е добро нахранет и на тој начин не само што косата престанува да паѓа, туку и се стимулира растот на истата.
Потребни ви се само 2 состојки кои веќе ги имате дома: маслиново масло и црн бибер.
Зошто делува?
Маслиновото масло го навлажнува и хидрира скалпот. Црниот бибер кој е „ѕвезда“ на оваа едноставна мешавина ги зајакнува фоликулите и го спречува опаѓањето на косата, стимулирајќи циркулацијата во скалпот.
Истовремено, тој врши ексфолијација на мртвите клетки кои се напластуваат на скалпот и не му овозможуваат да „дише“.
Имајте предвид дека црниот бибер е „лут“ па ќе предизвика благо пецкање на скалпот, помагајќи им на фоликулите да се регенерираат.
Како се подготвува?
Добро измешајте 1 шолја маслиново масло и 1 лажица мелен црн бибер.
Најидеално би било ова да го сторите со рачен блендер, а мешавината според Фара треба да изгледа како кал, односно вода од мочуриште. Откако ќе ја добиете смесата, префрлете ја во тегла, добро затворете ја и оставете да отстои најмалку 2 недели.
После тоа само ја процедувате и вашиот лосион против опаѓање и брз раст на косата е подготвен. Но, бидете внимателни и нанесувајте го само во коренот, односно на кожата на главата пред спиење. Нежно масирајте го скалпот со главата наведната надолу со цел да ја поттикнете циркулацијата уште повеќе.
Се препорачува третманот да се практикува 3 пати неделно за максимални резултати.
Запаметете дека косата расте од коренот, така што секоја маска или лосион кои ги нанесуваме на врвовите односно краевите на косата нема да придонесат за нејзиниот побрз раст, бидејќи мора да водиме сметка првенствено да биде добро нахранет коренот на косата.
Погледнете го видеото ТУКА за полесна подготовка на лосионот.