Доколку имате проблематична кожа на лицето, чести воспаленија, црвенило, акни, митесери, проширени пори – постои чудесна маска која ќе би помогне засекогаш да се ослободите од овие проблеми.
За подготовка на оваа маска ви е потребно:
- 1 белка
- 3-4 капки етерично масло од чајно дрво ( можете да го најдете во аптеките и дрогериите )
- густин
Подготовка:
Белката рачно изматете ја додека не стане пенеста, додадете го маслото и мешајте полека додавајќи густин за да добиете хомогена смеса слична на густ јогурт ( одприлика 1-2 супени лажици ) .
Маската се нанесува на чисто лице, избегнувајќи ги деловите околу очите и устата. Држете ја на лицето додека потполно не се исуши ( околу 20 минути ). Маската потоа извадете ја со провриена топла вода.
Потоа исчистет го лицето со лосион или тоник, а потоа нанесете крема.
Се препорачува маската да се нанесува навечер, пред спиење. Третирајте го лицето 10 пати, секој трет ден. Еден месец подоцна вашата кожа ќе ви биде благодарна. Третманот повторете го после три месеци.