Смоквите се здрави, но не претерувајте: Еве колку можете да јадете дневно

popara29 август, 20241min00
Смокви

Смоквата е многу вкусно овошје, познато по својата уникатна текстура и сладок вкус, а може да се консумира свежа или сушена. Уште од античко време се смета за вистинско богатство на здравјето, па затоа во народната медицина се користел за лекување на разни здравствени проблеми, како што се подобрување на варењето, намалување на холестеролот, но и како природен извор на енергија.

Смокви за здравје и младост
Смоквите се многу хранливи, богати со влакна, витамини и минерали, па се добри за здравјето. Тие помагаат во одржувањето на здравото варење, спречуваат запек и придонесуваат за чувство на ситост, што може да помогне во контролата на телесната тежина.

Смоквите се богати со витамини А, Ц, К и Б комплекс, како и со минерали како што се калциум, магнезиум, калиум и железо, кои го поддржуваат здравјето на коските, имунолошкиот систем и работата на срцето.

Содржат и високо ниво на антиоксиданси, вклучувајќи полифеноли и флавоноиди, соединенија кои помагаат во заштитата на клетките од оштетување на слободните радикали и го намалуваат ризикот од хронични болести како што се ракот и срцевите заболувања, пренесува Крстарица.

Влакната во смоквите, особено пектинот, помагаат да се намали нивото на лошиот ЛДЛ холестерол во крвта, што придонесува за здравјето на срцето. Исто така, влакната и антиоксидансите можат да помогнат во стабилизирање на нивото на шеќер во крвта.

Поради високата содржина на калциум, магнезиум и витамин К, смоквите придонесуваат за одржување цврсти коски и можат да помогнат во спречување на остеопороза. Антиоксидансите и витамините во смокви ја одржуваат кожата здрава и ги намалуваат знаците на стареење преку подобрување на тонот и еластичноста на кожата.

Пет до седум суви смокви
Препорачаната количина на смокви што треба да се консумира дневно зависи од потребите и здравствената состојба на човекот. Генерално се препорачува да се консумираат две до три свежи смокви дневно или околу пет до седум суви смокви.

Поради високата содржина на шеќер, растителни влакна, оксалати и калориската вредност, смоквите треба да се консумираат умерено, во спротивно може негативно да се одразат на здравјето.

Прекумерното консумирање смокви може да доведе до зголемување на нивото на шеќер во крвта, што е особено важно за луѓето со дијабетес или оние кои внимаваат на внесот на шеќер, а може да придонесе и за зголемување на телесната тежина.

Исто така, прекумерното внесување влакна може да предизвика дигестивни проблеми, како што се надуеност или дијареа. Смоквите содржат и оксалати, кои во големи количини можат да придонесат за формирање на камења во бубрезите кај чувствителните луѓе.

Кога да ги избегнувате смоквите
Иако смоквите се многу здрави, постојат одредени групи на луѓе кои треба да ја избегнуваат или ограничат нивната консумација:

– Луѓето со дијабетес,
– Луѓето кои имаат камењата во бубрезите,
– Луѓе алергични на смокви,
– Луѓе со дигестивни нарушувања,

– Луѓе кои земаат одредени лекови.

Имајте на ум дека смоквите може да ја попречат апсорпцијата на некои лекови , како што се разредувачите на крвта, поради нивната содржина на витамин К.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag