СМУТИ СТАНА ЗАДОЛЖИТЕЛЕН ДОРУЧЕК: Ова се четири фантастични рецепти што треба да ги испробате

popara14 март, 20241min00
c848059c52c8a7b07e3284420474995e60a1a0fd

Многу е лесно да се подготви – треба да имате блендер, овошје и зеленчук и да ја пуштите вашата фантазија.

– Смути се многу вкусни, а поради интересниот изглед и текстура се идеални за деца кои вообичаено одбиваат да јадат зеленчук. Во смутито може да се додадат житарки, никулци, може да се подготви со јогурт, млеко, сок, минерална вода, мраз, а најдобро од се е што може да се мешаат навидум некомпатибилни вкусови (на пр. банана и спанаќ), кои всушност во овaa форма имаат неодолив вкус. Главно се користи како ужина, иако има луѓе кои го консумираат како главен оброк – вели Ивана Ѓуровиќ, диететичар-нутриционист и открива 4 рецепти за здрави и вкусни смути.

Виолетово смути

Комбинирајте 2 dl јогурт со шолја боровинки, мала банана, неколку листови блитва и лажица мед. Измешајте, па во содржината додадете неколку зрна полен.

Витаминска бомба

Изблендирајте неколку листови спанаќ, неколку ротквици, грст пченка, парче авокадо и 1 dl сок од домати. Јадете со парчиња лимон и листови целер.

Освежително смути

Во блендер ставете половина црвен грејпфрут, половина жолт грејпфрут, портокал и листови зелена салата. Измешајте и посипете со неколку листови свежо нане.

Зелено смути

Измешајте една рака спанаќ, киви, банана, лажичка ленено семе, лажичка мед и 1 dl оризово млеко.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag