Едно од лицата што ги развеселува присутните во Париз за време на Олимписките игри е легендарниот Снуп Дог.
Според локалните медиуми, Снуп Дог само „дошол“, а само за „појавување“ на Олимписките игри добива и по 500.000 долари дневно.
Извршниот директор на NBC наводно ја открил оваа тајна и раскажал како познатиот рапер заработува околу 500.000 долари дневно само затоа што е присутен во Париз и затоа што ги промовира на тој начин.
„Еден час со директор на NBC на вечера беше доволен за да дознаеме дека Снуп добива 500.000 долари дневно плус трошоци за да биде тука за да ја промовира Олимпијадата“, рече инвеститорот Хенри Мекнамара.
Така, Снуп досега следеше кошарка, фудбал, атлетика и мечување.