СОВЕТИ ОД ЕКСПЕРТ ЗА ВРСКИ: Како да ја пребродите кризата во бракот на нековенционален начин

popara2 мај, 20241min00
Screenshot_6

Речиси на секој пар му се случува врската или бракот да падне во криза од која може да се извлечат или не. Кога се работи за такви ситуации, често се среќаваме со совети дека би требало да поразговараме со некој од семејството или да ги споделиме своите чувства со партнерот.

 

 

 

 

Меѓутоа, некогаш овие работи немаат некој голем ефект.

 

Морт Фертел е еден од успешните американски експерти за врски кој е познат по големиот број на парови кои по неговите совети успеале да ја одржат својата врска.Тој смета дека во некои случаи не помагаат класични совети и дека на проблемот треба да му се пристапи на поинаков начин, а еве и како…

 

Сочувајте го бракот сами

 

Воглавно се верува дека бракот може да се спаси кога двете личности се борат за него, но како што вели Морт, доволно е еден од партнерите да покаже интерес за спас на бракот за да се промени брачната динамика и да се покрене „тврдоглавиот партнер“ кој сигурно по некое време ќе почне да се труди околу бракот.

 

Не прашувајте сѐ себе си погрешни прашања

 

Никогаш немојте да се прашувате дали личноста со која сте е вистинската. Суштината на успешниот брак не лежи во проанаоѓање вистинска личност, туку во љубовта која ја чувствувате кон некој. Љубовта не е среќа, туку избор.

 

Разделбата уште повеќе ќе ве раздели

 

Раздвојувањето кое по мислење на многумина може да ги освежи сеќавањата, сепак нема таков ефект, туку создава поголема дистанца помеѓу двајца луѓе кои се одлучиле на тој чекор. Целта е да бидете што поблиску заедно а не разделени.

 

Помалку зборувајте за проблемите

 

Разговорите за проблемите не ги решаваат туку само ги продлабочуваат. Тие предизвикуваат аргументи и бес. Зборувајте помлаку, работете повеќе. Најдете вистински начин да ја решите пречката на која сте наишле.

 

Терапевт никогаш нема да ви даде точни одговори

 

Терапиите може да ви помогнат да разговарате еден со друг и подобро да се разберете, но нема да ви дадат одговори како да го спасите бракот. Паровите често стануваат разочарани од сесиите .

 

Имајте доверба еден во друг, не во трет

 

Една од најважните вредности на бракот е довербата, па затоа разговорот со семејството и пријателите за бракот е голема грешка. На овој начин се прекршува доверливоста кон вашиот партнер и тоа секако не е во ред.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma