Сигурно ќе ја обожавате
СОСТОЈКИ:
- 300 гр бело пилешко месо
- 1 поголем пилешки батак со карабатак
- 200 гр моркови
- 1 помал корен од пашканат
- 100 гр корен од целер
- 1,2 литри вода
- 150 мл млеко
- 2 лажички брашно
- 1/2 помал куп магдонос
- сув билен зачин
- мелен црн пипер
- масло
ПОДГОТОВКА:
Белото пилешко месо исечкајте го на коцки. Одделете го пилешкиот батак од карабатакот. Морковот, коренот од пашканатот и целерот исчистете ги, па морковот исечкајте го на полукругови, а пашканатот и целерот на коцки.
Истурете масло во длабок сад и загрејте. Ставете го месото на загреаното масло и пропржете го малку, околу 10 минути. Додадете сецкан зеленчук, посипете со суви билки и бибер по вкус, истурете топла вода и варете ја супата на средна температура (покриена). Кога месото ќе омекне, извадете го батакот и карабатакот и одвојте ги коските од месото. Исецкајте го месото и вратете го во супата. Во ладно млеко ставете брашно и изматете со вилушка да нема грутчиња. Истурете го млекото во супата која полека врие.
Варете ја супата на ниска температура уште 10 минути, сметајќи го времето од кога ќе зоврие (додека не зоврие, мешајте повремено поради брашното, за да не се „залепи“ на дното на садот). Обидете се да додадете уште неколку зачини. На крај во супата додадете го ситно сечканиот магдонос, промешајте и тргнете го од оган. Оставете да отстои околу 10 минути, па послужете.