Трајно ќе ги отстраните жолтите дамки од облеката и постелнината со помош на 4 состојки кои веќе ги имате дома.
Во текот на летото често се појавуваат дамки од пот на облеката, на грбот или под пазувите.
Освен непријатниот мирис, потта остава и грди жолти дамки кои тешко се отстрануваат.
Белата облека секогаш поминува најлошо кога се работи за дамки, а вообичаените методи за чистење изгледа не секогаш функционираат.
За среќа, постои едноставно решение и за овој проблем.
Сè што ви треба за ефикасно отстранување на грдите жолти дамки е:
1 дл алкохолен оцет
2 кесички сода бикарбона
1 лажичка сол
1 лажичка водород пероксид
2 чаши топла вода
Во длабок сад измешајте оцет и топла вода, па натопете ја облеката.
Измешајте сода бикарбона, сол и водород пероксид и мешајте додека не добиете мазна паста.
Извадете ја облеката од растворот, добро исцедете ја, па покријте ја дамката со оваа паста и оставете ја така најмалку 20 минути.
Откако алиштата ќе отстојат, исперете ги како и обично.
Сите дамки и непријатни мириси ќе исчезнат.