Актерката Џенифер Анистон за време на интервју за магазинот „Variety“ не можеше да ги задржи солзите кога репортерот ја праша како се чувствува додека ја гледа популарната серија „Пријатели“, по смртта на нејзиниот колега и пријател, актерот Метју Пери.
Интервјуто на Џенифер Анистон за време на кое таа го допре покојниот колега Метју Пери од серијата „Пријатели“ предизвика бура на платформата X, поранешна Твитер.
Џенифер Анистон не можеше да ги задржи солзите
Откако водителката забележала дека Џенифер плаче, и понудила минута пауза, на што актерката рекла дека тоа се солзи радосници.
– Ова се радосни солзи. За мене е неверојатно што поминаа 30 години од снимањето на серијата. Привилегија е што опстојува толку долго и што сè уште им значи на луѓето. Тоа е најголемиот подарок што ние шестмина можевме да го замислиме. Сакам да кажам и дека засекогаш ќе бидеме семејство – истакна Џенифер.
Jennifer Aniston and Quinta Brunson share a heartfelt moment during their #ActorsOnActors conversation. https://t.co/hi36vnwH57 pic.twitter.com/6ccIZ15FVc
— Variety (@Variety) June 6, 2024
Глумата во серијата „Пријатели“ не е единствената врска која Џенифер ја има со Метју Пери. Како што изјавила актерката, нивното пријателство било посебно.
Имено, познатиот актер починал од акутните ефекти на кетаминот, се вели во токсиколошкиот извештај на Канцеларијата за патологија од округот Лос Анџелес, а го пронашле на неговиот имот, поточно во џакузито.
Пријателството на Метју и Џенифер беше посебно
Во интервју за Дијана Соер, пред две години, Метју Пери изјави дека и покрај сите подеми и падови кои ги имал поради зависноста од дрога и алкохол, Џенифер секогаш останувала покрај него.
– Таа беше онаа која најмногу ми посегна во животот. Навистина сум ѝ благодарен за тоа“, изјави Метју Пери во октомври 2022 година.