Многумина го заборавија значењето на сообраќајните знаци, а некои тврдат дека некои не ни постоеле во времето кога го полагале тестот за сообраќајни правила.
Сообраќајните прописи се полни со сообраќајни знаци кои веројатно сте ги научиле за време на обуката за возач. Меѓутоа, ако поминало некое време откако сте ги повториле знаците, можно е да сте го заборавиле значењето на некои од нив.
Инструкторка објасни за Мирор: „Ова е знак за предупредување. Сите триаголни знаци даваат предупредувања. Овој знак има две стрелки со иста должина. Едната стрелка покажува лево, другата десно“.
Таа објасни дека овој знак укажува дека возачите се на пат со една лента, но наскоро ќе стигнат до двонасочен пат.
„Овој знак ве предупредува за двонасочен сообраќај што ја преминува вашата рута“, објасни таа.
@theorytestpractice All triangle shape signs give warnings #theorytestpractice #theorytest #drivingtheory #roadsigns #driving
Возачите учат нешто ново секој ден – вклучувајќи го и значењето на некои од најсложените сообраќајни знаци. Пример е знак со стрелки насочени нагоре и надолу, што укажува на двонасочен сообраќај напред.
Многу возачи го признаа своето непознавање на овој знак. Еден збунет корисник на социјалните мрежи признал: „Го положив возачкиот испит во 1989 година и не се сеќавам дека некогаш сум го видел овој знак. Учам многу за правилата и знаците благодарение на вашиот канал“, додека друг рече: „Дефинитивно бев збунет, благодарам за појаснувањето“.