Познатиот рапер Канје Вест и неговата сопруга Бјанка Сенсори се познати по тоа што предизвикуваат скандали со начинот на облекување. Парот привлекува внимание на секој чекор поради смелите комбинации, а најшокантно од се е фактот што Бјанка често шета гола.
Двајцата беа видени синоќа во Лос Анџелес, но она што многумина ги шокираше е тоа што Бјанка Сенсори „заборавила“ да облече панталони или нешто друго, само со долна облека излезе во јавност.
За разлика од неа, Канје Вест носеше дуксер и тренерки, но не облече патики, туку шеташе во чорапи.
Од ова може јасно да се заклучи дека отсуството на облека за оваа брачна двојка претставува одреден стил и тип на моден израз, но не е точно определен каков.