Сопругата на Џорџ Клуни ги воодушеви сите со луксузната модна комбинација (ФОТО)

popara28 август, 20241min00
Screenshot_6

Познато е дека брачната двојка Амал и Џорџ Клуни сакаат да летуваат на италијанското езеро Комо, а уште попознато е каков софистициран стил има госпоѓата Клуни.

 

 

 

 

Кога овие две информации ќе се спојат, добивате чист луксуз.

 

Дека ужива во Комо докажуваат најновите фотографии на Амал Клуни, а за ручек со пријателите ги избра креациите на италијанскиот дизајнер Џамбатиста Вали. Ниту холивудските ѕвезди, ниту членовите на кралското семејство не можеа да одолеат на неговите креации. Меѓу нив се Сара Џесика Паркер, Хилари Свонк, Деми Мур, Аријана Гранде, Пенелопе Круз, Наоми Кембел, Мери Кејт Олсен, кралицата Ранија од Јордан, Гвинет Палтроу.

11 - Copy 479
11а - Copy 35
11аа - Copy 16
11аааа - Copy 2

Овој роден Римјанин редовно ги претставува своите колекции, вклучително и оние за висока мода, за време на модната недела во Париз, а целата облека на Амал Клуни беше прикажана како дел од колекцијата пролет-лето 2023 година.

 

Кратко бело здолниште со златен вез на рабовите и во средината ја покажа секогаш беспрекорната фигура на госпоѓа Клуни, а елекот во нијанси на старо злато одлично се совпаѓаше со целокупниот стајлинг. И со бели сандали, за женствен чекор и добро држење.

 

Амал Клуни не би била таа што е, доколку со овој моден избор не понесе и кремаста шапка со широк обод која како да го претвори амбиентот на италијанското езеро во филмски сет.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma