Многумина се заинтересирале за овој сè поактуелен систем, кој во Јапонија официјално е признат како лек.
Со годините, гледајќи се во огледало забележуваме дека очите ни стануваат уморни и тажни. Веѓите и горните капаци стануваат опуштени, надворешните агли на очите стануваат спуштени, се појавуваат ситни брчки, па дури и длабоки, како последица на отокот на лицето.
Азиската шијацу масажа помага пределот околу очите да се подмлади и “врати на свое место”. Таа најмногу се разликува од останатите по тоа што единствени движења се притискањето на одредени точки. Јапонките прават шијацу- можеби во тоа е тајната на нивната убавина и младост?
Многу извори се заинтересирале за овој сè поактуелен систем, кој во Јапонија официјално е признат како лек. Секојдневната шијацу масажа трае само една минута и треба да се прави наутро, навечер или кога ќе почувствувате дека очите ви се уморни.
Со притискање на одредени точки на телото и на лицето помага крвта и лимфата подобро да циркулираат. Така процесот на метаболизам во ткивата многу брзо и ефикасно се одвива, со што се потпомага природниот процес на обновување на организмот.
Кога тоа го правите сами, немојте да ги масирате зоните (тоа треба да го прави само професионалец). Притисокот треба да биде со среден интензитет, за да осетите блага непријатност.
Кога станува збор за пределот околу очите, со помош на масажа:
- Зајакнуваат мускулите,
- Се затегнуваат брчките,
- Се зголемува еластичноста на кожата поради стимулација на производство на колаген и еластин,
- Се нормализира производството на себум.
- Подигнување на веѓите
Делувајте: на внатрешниот и надворешниот крај на веѓите, како и на средина на веѓите.
Поставете ги показалецот, средниот прст и претпоследниот на тие точки и притиснете ги. За да веѓите “ви се вратат на свое место”, притисокот на крајот на веѓите усмерете го благо нагоре.
Време: 7 секунди.
Отстранување „перничиња”
Притисок: На надворешните агли на очите.
Ставете ги показалците на точките што одговараат, малку загрејте го тоа место па притиснете и отпуштете. Можете малку да ги повлечете мускулите спрема слепоочниците, без да ги подигнете прстите. Имајте на ум дека не треба да ја повлекувате кожата, туку самиот мускул.
Време: 3 секунди.
Повторете: 3 пати.
Отстранување на оток
Притисок: на внатрешниот агол на окото- помеѓу окото и носот.
Ставете ги показалците на очите и притиснете строго вертикално, без истегнување и помрднување на кожата. Можете истовремено да вршите притисок со показалецот и средниот прст на внатрешниот и надворешниот агол на окото.
Време: 3 секунди.
Повторете: 3 пати.
Отстранување на брчки помеѓу веѓите
Делувајте: помеѓу веѓите, во зоната на ” третото око”.
Спојте ги показалецот, средниот и претпоследниот прст, па со јагодиците притиснете ги трите точки помеѓу веѓите.
Време: 5-7 секунди.
Повторете: 2 пати.
Подмладување на кожата под очите
Делувајте: на крајот на коската под очите.
Ставете ги показалецот, средниот и претпоследниот прст на точките и притиснете.
Време: 10 секунди.
Повторете: 2 пати.
Овие техники можете да ги применувате поединечно, или да се проучи и направи целосна шијацу масажа на лицето. Нејзината примена, секоја друга масажа или гимнастика на лицето ќе ја направи поефикасна.