Вкусните, меки и сочни палачинки бараат добар рецепт, односно додавање на некои тајни состојки на веќе класичниот рецепт – брашно, јајца, сол/шеќер и млеко.
За секој пат да излегуваат совршени, во смесата треба да се додаде малку сода бикарбона.
Состојки:
1 јајце
200 мл млеко
250 ml вода
200 грама брашно
прстофат сол
1/4 лажичка сода бикарбона
2 лажици масло
Масло за премачкување на тавата
Подготовка:
Измешајте ги сите течни состојки и додадете брашно, сол и сода бикарбона. Добро изматете ја смесата да нема грутчиња. На крајот додадете масло, па повторно измешајте сè.
Загрејте ја тавата за палачинки на максимална температура, па намалете ја малку. Печете ги палачинките, наредете ги една врз друга во сад, а потоа покријте ги. Така подолго ќе останат топли, а следниот ден ќе бидат исто толку меки и вкусни.
Наполнете ги палачинките со сладок или солен фил по желба, пренесува Krstarica.