Во тек е 19-тата сезона на шоуто „America’s Got Talent“ во кое во жирито седи актерката Софија Вергара.
За снимањето на новата епизода, актерката избра бел фустан на австралиската модна куќа Ребека Валанс. Тесниот фустан со миди должина ја следи линијата на телото и има ефектен шлиц на горниот преден дел.
Посебно впечатлив е деталот сместен над споменатиот дел. Станува збор за сребрен украс во форма на морска ѕвезда, кој е покриен со светки и го носи овој фустан на сосема ново ниво.
Ѕвездата е доказ дека наједноставните креации како оваа толку лесно се претвораат во впечатливи.
Оригиналната верзија на фустанот има и лента за врзување околу вратот, која актерката решила да ја отстрани.
Кога станува збор за обувките, таа се одлучи за сандали на платформа, кои едноставно обожава да ги носи.
Овој пат таа го избра моделот на модната куќа Леонардо Џенифер Шаманди. Сребрените сандали на платформа имаат блок-пета висока вртоглави 13 сантиметри, а напред имаат две широки вкрстени ремени.