СОФИЈА ВЕРГАРА НИ ГО ПОКАЖУВА НЕЈЗИНИОТ ЛУКСУЗЕН ДОМ ВО ЛОС АНЏЕЛЕС

popara14 февруари, 20244min00
Софија Вергара

Неверојатната палата на Софија Вергара инспирирана од Тоскана се наоѓа на врвот на Беверли Хилс и се проценува дека ја чинела славната актерка над 26 милиони долари.

Прекрасната вила се наоѓа во една од најскапите области, во Беверли Парк, каде живеат многу холивудски познати личности, како Еди Марфи, Силвестер Сталоне и Дензел Вашингтон. Луксузната вила на Софија Вергара е дел од заштитениот комплекс на вили во ридовите над Беверли Хилс, со огромна железна порта низ која само жителите и нивните гости можат да поминат со целосна приватност.

Во вилата на Вергара преовладуваат беж-белите бои и покрај неколку соби, има комплетно опремена теретана, игралишта за кошарка и тенис, кино, голем базен и прекрасни градини со тропски растенија.

51-годишната ѕвезда сега е сингл, а неодамна се разведе од сопругот Џо Манганиело по 7 години брак и ужива во мирот и друштвото на своите пријатели во нејзиниот прекрасен дом. Како што објаснува во видеото на YouTube, нејзините пријатели се собираат во кујната и повеќе сакаат да седат таму отколку во дневната соба. „Не готвам и не сакам да научам да готвам. „Мојот син готви, а единственото нешто што ме интерсира е кујната да ми е убава“, вели актерката.

Колку пати сте се восхитувале на луксузните гардероби на филмските ѕвезди кои зафаќаат цели соби и изгледаат како нешто за што сонува секоја тренди девојка? Ваква гардероба има и Софија Вергара, каде целата нејзина облека, чанти и чевли се поделени по боја. Таа објаснува дека нејзиниот плакар е нејзиното омилено место во куќата и иако се е уредно и организирано, таа секогаш успева да доцни подготвувајќи се за излегување.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sofia Vergara (@sofiavergara)

Софија Вергара на својот Инстаграм профил објави фотографии од внатрешноста на својата куќа, а јасно е дека актерката потрошила многу пари за да ја украси и да ја направи онака како што сакала. Мора да признаеме дека нејзиниот дом е сон на секој љубител на декорацијата. Мермерни подови, кристални лустери, решетки, мермерни камини, скапи арт деко слики и мурали се дел од работите кои ни го привлекоа вниманието.

Погледнете го видеото на Софија Вергара во кое ни го покажува нејзиниот луксузен дом во Лос Анџелес:

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma